БЕЗ САЛА ПРВАЦИ

ПИНГ – ПОНГ

Чуда во пинг – понгот. Некаде спортистите се мачат со тренинзи и пак не ја достигнуваат целта, а пинг-понгарите на Младост без сала за работа освојуваат трофеи. На сениорското првенство во двојки Ѓоко Јочкоски – Андреј Лашкоски со максимални 3-0 ја одзедоа титулата на сограѓаните, браќата Александар и Гоце Штаргоски. Шампионите на сите мечеви не загубија ниеден сет. Поединечно Јочкоски стигна до полуфинале.

Учество и во ветерани. На турнирот во Скопје трет е Јочкоски, а во Ниш, Србија, второ место за Зоран Јованоски.

Loading