ПРАТЕНИЧКА РАКА НА ХУМАНОСТ

Со девизата да се даде крв значи да се помогне во спасување на некој живот, и пратеничката Ане Лашкоска ја пружи раката кај трансфузиолозите да ја демонстрира на дело хуманоста. Таа покажа дека и политичарите, па и оние од понежниот пол, сочувствуваат со оние кои се во неволја и на кои крвта некогаш им е живот. Со насмевка и ведрина на лицето, го засука ракавот да биде боцната во вената и да ја подари драгоцената течност, повикувајќи ги и останатите колеги не само да говорат за хуманост, туку и да остварат човекољубие.

Во акцијата на прилепската партиска организација на ВМРО – ДПМНЕ, неколку десетици членови даруваа крв, искажувајќи гледиште дека политиката не е привилегија, туку и одговорност и готовност да се најдат на најзагрозените, да ја споделат и да им ја олеснат маката на болните, кога им се најпотребни.  

Loading