ПОВРЕДА

Ракомет

Повредите не бираат место и време. На еден од редовните тренинзи неделава го повреди прстот од левата рака пивотот Маја Нацева. Лекарите излегоа во пресрет, но пауза сигурно претстои, со надеж дека нема да биде долга. Останатите работат непречено, одигруваат затворени тест средби на две клупски екипи, како алтернатива на пријателски. Противници нема, така што остана досега само единствениот меч со Металург. Неизвесно е дали до стартот на првенството ќе има натпревари со Вардар, Металург или Металург јуниор.

Во врска со турнирот во Белград на 8 март, стигна информација дека освен домаќинот, Милениум, учествува и Бисери од Црна Гора, се чека уште четвртиот тим. Супер лигата продолжува на 28 февруари на гости кај Куманово, а првпат дома во салата “Арена Сонце” е дерби на 3 март со првакот Металург.

Loading