“СОНОТ…” ЗА 63 ГОДИНИ ТЕАТАР

Театарот “Војдан Чернодрински” в понеделник ќе одбележи 63 години од формирањето со изведбата на претставата “Сонот на Цепенко”. Заробениците на Талија ќе уживаат во музичката кореодрама во режија на Кирил Петрески, со која се раскажува сонот на Цепенков, но и видувањата на режисерот на творештвото на Марко Цепенков.

Во повеќе од шестдецениската традиција на театарот, над 1,5 милиони посетители духовно се нахранувале со илјадници комедии, драми, трагедии. Досега се прикажале над 360 премиери. Најгледана е “Солунски патрдии”, а веднаш потоа “Од кол на кол”, двете во режија на Коле Ангеловски.

Во театарската хроника забележано е дека завесата се кренала на 18 февруари во 1950 година со премиерата на “Кир Јања”, од Ј.С.Поповиќ,  во режија на Ацо Михајлоски.

Loading