“ИСПОВЕД НА ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ”

“ИСПОВЕД НА ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ”

Книгата од Ладе Б. Талески од Прилеп, а кој живее во Скопје, е писание за македонската историја, под наслов “Исповед на еден Македонец”. Делото е издадено од “Басилеј” – Здружението за зачувување и претставување  на историското и културното наследство по повод стогодишнината од Букурешкиот договор, односно поделбата на Македонија.

Книгата сведочи за непресушниот дух и храброст што го има секој Македонец.

– Творбата е посветена на целата македонска рожба, која го најде прапочетокот на своето прабитие закоренето токму во нашата древност, македонска – вели авторот.

Ладе Б. Талески е еден од основачите на првата политичка партија со предзнак ВМРО. Бил суден во 60 -те години и отслужил затворска казна.

Претходно го објавил делото “Семејните тестаменти”.

Loading