INVEST IN PRILEP

Локалната самоуправа отпечати колор брошура на англиски јазик за привлекување на странски инвеститори. Во илустрираното практично кусо издание, покрај вообичаените карактеристики за градот, наведени се можностите за правење бизнис во Општинава што се овозможува со генералниот урбанистички план.

Во содржината  прегледно се нацртани локациите на индустриските зони, на просторите за градење на станбени и колективни и индивидуални објекти, но и за трговски центри, угостителски и сместувачки капацитети и други бизнис погони. Интересно е дека се нуди и можност за вложување во рурален туризам во Мариово. Меѓу другото, се отсликани и патните правци и близината на аеродромите, железничките транспортни коридори, па и пристаништата во соседството. 

Публикацијата е атрактивна и богата со факти и индикатори, бидејќи е инсертирана со извадоци од деталните планови во електронски формати, плацеви и локации, димензии и површини. Овие податоци се важни за првично анимирање на потенцијалните вложувачи.

Публикација ќе даде силен придонес за промоција на градот како примамлива дестинација за вложувања и правење профит.

Брошурата ќе се раздели на бизнис средбата што во почетокот на идната недела ќе ја има градоначалникот Марјан Ристески со соработници од одделот за локален економски развој и прилепски стопанственици во Истамбул, каде се поканети од страна на бизнисмени не само од македонско потекло да ги демонстрираат предностите за вложувања на нашата Општина.

Loading