ПОБЕДНИЧКА ПЕСНА

За време на промоцијата на Марјан Ристески за трет градоначалнички мандат, еуфоријата кулминира со изведбата на песната што ќе ја следи кампањата на Ристески, насловена “Победничка песна за Прилеп”. Во четири ипол минути, песната со музика од Борче Шабаноски и текстот на Сашо Ацески –  Цик, Тони Чатлески и Дејви Спиркоски ја изведе кремот на прилепската музичка естрада составена од 15 интерпретатори. Елена Петреска, Христијан Тодороски – Кико, Блага Петреска, Тони – Титио од групата Биоритам, Денис Димоски, Леонарда Богданоска Гиноска, Дејви Спиркоски, Игор Јагуриноски, Белинда Ристеска, Милена Јованоска, Елена Јовческа, Стефан Миткоски, Бедрие, Ангелка Гајтаноска и Александар Дворчанец  – Сале, биле вокалите, а музичкиот дел бил изведен од гитаристите Борче Шабаноски и Бранко Нешкоски со посебен блуз шмект додаден од Александар  Дворчанец – Сале со усната хармоника.

Сите мелодично ги изразуваат чувствата кон Прилеп и досегашните и идни проекти на Ристески. Песната е микс на хип – хоп елементи, класична и поп музика.

Видео клипот може да се види на Јутуб линкот: http://www.youtube.com/watch?v=SEdFwJeeorg

Loading