СМЕНИЈА СТИЛ

Борење

Неочекувани новости од Боречкиот клуб 7 Мај – Леов. Наместо досегашното практикување слободен стил, сега среќата се бара и во грчко – римскиот. Во оваа дисциплина “крштевањето” е денеска на силен, меѓународен турнир “Љубомир Ивановиќ – Геџа” во Белград. Интересно е да се види како ќе се снајдат во новите околности на душеците Мартин Стојаноски до 55, Гоце Митоски до 60 и Дејан Заов до 66 килограми. Стручниот штаб е воздржан, така што првите настапи се со скромни амбиции за добивање искуство.

Тренер на борачите е Александар Стојаноски, а правда на турнирот ќе дели меѓународниот судија Илчо Марковски.

Loading