РАБОТАТ ШКОЛИТЕ

Ракомет

Во период кога завладеа кризата со сé помалку женски ракометни клубови, со сé помалку школи, значајно е што продолжуваат младинскиот и пионерскиот погон на ЖРК Жито Прилеп без застој. Тие ги имаа првите собири за подготовка за пролетниот дел.

Клубот дава максимум за развој на талентите, но остануваат маките со хаотичниот систем на натпревари. Есеноска се одиграа само три кола. Девојките попусто тренираа со месеци по четирипати неделно. На крај одиграат само три меча! Оттука не чуди што домашните ракометарки, потенцијални репрезентативки, имаа малку од “вината” која не е ниту кај нив, ни во клубовите кои вложуваат.

Паралелно, сениорскиот тим на Борче Марковски ги финализира подготовките за Супер лигата. Се вратија реговалесцентите Савица Мркиќ и Марија Серафимовска. После тест поразот 41-22 од шампионот Металург, најверојатно ќе има реванш во “Арена Сонце” или пак меч со Металург јуниор. Во опција е и засилениот, новиот гигант Вардар.

Loading