ГЕШОСКИ ВО ШПИЦОТ

Корзо

Единаесетти новодојден во Корзо е Благоја Гешоски, повратник од шампионот Вардар. Го засилува нападот. Многу се очекува, оти играше во Победа, Напредок, Металург, 11 Октомври, кога беше меѓу водечките стрелци во државава. Приклучени се голманот Никола Гоновски и за врска Александар Анастасов од Пелистер. Екипата на Зоран Штерјовски е во Охрид, каде се планирани тренинзи и тестови до идниот четврток. Противници се Силекс, 11 Октомври, БСК Борча и други. Претходно совладано беше Братство од Житоше со 2-0 со двата гола на Томче Мижоров, а доживеан минимален пораз 1-0 од Победа јуниор и 6-3 од Македонија ЃП.

Атмосферата е одлична, според планот и амбициите за сигурен опстанок во Втората лига.

Loading