СТАРТ СО РЕМИ

11 Октомври

11 Октомври успешно стартуваше со серијата пријателски. Во Миравци, против домашниот моќен состав, одиграно е реми, 1-1, со голот на младиот напаѓач Никола Шаркоски. Се одигра и тренинг меч меѓу две клупски екипи, а од вчера преселбата е во Охрид. За три дена предвидени се три контроли. В сабота противник е Силекс, в недела Корзо, в понеделник е мечот со Охрид. В среда на враќање е натпреварот со БСК Борча или некој друг тим кој таму се подготовува.

Дефинитивно Јорданчо Наумоски замина на 10 дневен престој во Б тимот на Динамо во Киев. Тоа ќе е големо искуство на младиот, 17 годишен фудбалер и можност да “купи” нешто од  професионалците во Украина. Уште еден играч од клубот е во странство, Бојан Спиркоски во Чешка. Многу попознатиот од нив, Филип Мирчески, продолжува во прволигашот Напредок. Нови фудбалери се: Ивица Крстевски. Дарко Петров, Владе Милованоски, Мартин Никовиќ, Бобан Митрески и Бобан Крстески.

Loading