ПОБЕДА И ПОРАЗ

Победа јуниор

Два теста имаше второлигашот Победа јуниор во подготовките за пролетниот дел, каде стартуваат од седмата позиција. Прво на неутрален терен во Тополчани го совладаа соседот Корзо со 1-0, со голот на Александар Чешелкоски. Завчера загубија 3-1 на гости кај Новаци. Водството беше со голот од пенал на Христијан Петрески, на полувреме израмнето, а одбраната попушти во вториот дел. Според тренерот Златко Петрески, ривалот не е надмоќен, туку рамноправно се играше со три почетнички грешки во одбраната. Пропусти сега се дозволени, но да не се повторуваат во првенството. Од контрола во нов тест треба да е подобро. В сабота е гостувањето на Локомотива во Скопје, понатаму ќе се игра во ритам, среда – сабота.

Од играчкиот кадар, заминати се: Тони Мегленски во Пелистер, Александар Ристевски во Металург и Даниел Карчески во Корзо. Од Пелистер пристигнаа тројца надежни кои ќе ја бараат шансата за наметнување. Најновиот е млад шпиц, кој се наметнува и ветува добри игри во дресот на Победа ј.

Loading