КОНЗЕРВАЦИЈА НА ЖРТВЕНИКОТ

Во Заводот и Музејот

Заводот и Музеј изминатите шест години реализирал 163  проекти во заштитата на културното наследство, 31 од музејска област, три меѓународни изложби, а годинава ќе работи на 24 проекти за кои финансиски средства доби од Министерството за култура.    “Тежи” санацијата на навалувањето на Градскиот саат и конзервација на фасадата на куќата на Бектешовци, што се во тек. Според директорката Гордана Данилоска Спироска, важна е конзервација на најстариот експонат – земјениот систем на жртвеници, единствен во Европа. Тоа е атрактивен артефакт, а по формата е уникатен со димезии 2 на 4 метри. Стар е седум милениуми, од средниот неолит. Интересно е дека во жртвеникот, обредите ги вршело едно лице во присуство на жителите на населбата. Потекнува од локалитетот Врбјанска чука кај селото Славеј.

– Состојбата не е најдобра и е нужна конзервација – вели таа.

Експонатот, сместен во археолошката поставка во Музејот бил откриен случајно во 1979 и конзервиран во 1982 година е донесен во Музејот.

Годинава ќе се оформи етнолошка поставка, ќе се реконструира источниот конак на Св. Арахангел Михаил, ќе се истражува на црквата Св. Никола во селото Манастир во Мариово, на фрескоживописот. Потоа на локалитететите Трештена стена и Горно село, како и на санација на покривите на црквите Св. Димитрие и Св.Никола.

Спироска потенцира дека досега се посветувало внимание на истражувањата на Стибера и Зрзе.

– Откривме во Стибера голема должина ограден бедем, одводен канал, два култни објекти. Пронајдени се глави, скулптури, што се конзервирано, кои даваат нова слика за локалитетот, чиј еден дел е конзервиран. Значајни се откритијата на базиликата и ќелиите во Зрзе. Откривме нови експонати на Трештена стена, Горно село, Баба. Го реконстуиравме Участакот. Тоа беше доволен повод  институцијата да биде прогласена за Музеј за 2011 година – истакнува директорката, притоа потенцирајќи дека сите значајни објекти, како Галеријата на икони, Музејот за тутун, Могилата на непобедените, Участакот, куќата на Кузман Јосифоски – Питу, спомен куќата на Блаже Конески,  годишно ги посетуваат околу 3000 туристи, студенти, ученици.

Loading