РЕЗЕРВИРАНИ 17 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КУЛТУРА

Општината го одврза ќесето. Годинава оддели 17 милиони денари за културни настани. Ќе се финансираат традиционални манифестации, фестивали, но и нови проекти за развој на културата.

Шест милиони денари се планирани за  11-то издание на Пиво фестот. Над два милиони денари за развој на културниот туризам. Исто толку за прославата на Нова година. За Карневалот Прочка ќе се  насочат 1,7 милиони денари, а еден милион за Градскиот хор и дувачкиот оркестар.

Локалните власти ќе партиципираат со 500 илјади денари во МТФ “Војдан Чернодрински”, за фестивалот “Пеце Атанасоски” се обезбедени 300 илјади денари, а за Мариовско – Мегленските културни средби и Деновите на Крале Марко по 100 илјади денари.

Дел од настаните годинава ќе бидат и спортско – музичката манифестација “Тајане Бојане”, потоа “Старата чаршија ве кани”, есенскиот џез фестивал, прославата на 11 Октомври, Трети Ноември, Свети Никола.

Нема да изостане ни поддршката на ликовната колонија и организирањето на ултрамаратон.

Loading