КАРТУШОВЦИ НЕ ГО ЗАБОРАВААТ ТОШЕ

На почетокот на годинешниве “одисеи” кои ќе ги испешачат планинарите од ЕПД Картуш, на агенда се најде соседното Крушево. Околу 60-на планинари го посетиле и се поклониле на гробот на Тоше Проески. Традицијата ја одржуваат пет години. Следела етапа до одморалиштето “Шула Мина”, каде се одмориле покрај скијачките патеки па продолжиле до хотелот “Панорама” следен со брз спуст по бавчите до манастирот “Свети Спас”, каде здивнале и ручале. Последниот дел од рутата, долга 15 км. ја завршиле во селото Алинци. Времето било погодено за пешачење, па четирите часа минати низ снег до колена им се виделе како еден миг.

Loading