СЕРТИФИКАТ ЗА ДИМОСКИ

Карате

Нов сертификатот е доделен на Златко Димоски, овојпат од ИСО – Светска шито риу федерација, дел од ВКФ – Светска карате федерација, со кој од 1 јануари е главен шеф инструктор на Шито риу за Македонија и регионот. Сертификатот е потврда и надополнување на сертификатите издадени од светската карате федердерација за А лиценциран судија за ката и кумите, како и поранешната за сертифициран тренер на светската карате федерација.

Димоски е и тренер и селектор. Моментно работи со шест репрезентативци на КК Ронин, кои се подготвуваат со два тренинга дневно за Европското за кадети и јуниори во Коња – Турција, во февруари.

Место во репрезентацијата обезбедија: Симона Стојкоска во борби, Мишела и Маријана Димоска, со Искра Каракашоска во кати екипно, Маријана Димоска, Поликсенија Јованоска и Даниел Петкоски во кати поединечно.

Штета што Симона Стојкоска на еден тренинг се повреди и не може да настапи, но се верува во опоравување за балканскиот шампионат во март.

Loading