ОКОЛУ ПЕЛИСТЕР ЗА КОНДИЦИЈА

            ЕПД Картуш изведе марш во битолскиот крај на Пелагонија и околу планината Пелистер. Околу 80 – тина планинари излегле од пеколните горештини, кинисани да “ранат очи” со прекрасната моликова шума и пределите полни со чешмички, измислени за ладење за овој период. Со кружната рута ги освоиле подпелистерското село Ротино, чешмата Палиснопје, планинарски дом Копанки, хотелот Молика и месноста Голема Ливада. Епилогот бил пак Ротино. Планинарите не се заситиле доволно со минатите 17 километри, па се надеваат дека повторно ќе пропешачат низ овој крај. 

Loading