ОРИЕНТИРАЊЕ ВО ЧЕСТ НА ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ

            Меморијален ориентационен натпревар “Пеце Атанасоски” во почетокот на јули организира ориентациониот клуб “Златоврв”.  Учесниците на интересната и поучна манифестација ќе се натпреваруваат во две категории. Првиот ден ќе спринтираат низ центарот, а на вториот ден, на  долга патека, ќе се снајдуваат со ориентациони чипови во ридчестиот и простран предел кај Вештачкото Езеро. Најдобрите тројца ќе бидат наградени. Ноќевањето ќе е избор на учесниците – манастирски конаци, шатор или хотел. 

Loading