МЕДАЛИ ОД СВЕТСКИ КУП

Моделарство

            Ракетно воздухопловниот клуб Циолковски со одлични настапи на натпреварот во ракетно моделарство во Штип. Малубројниот, тричлен состав, успеа да освои медали на 11. Светски куп и на 52. Државно првенство. Најголем е резултатот на Николче Јанески, првопласиран на Светскиот куп во категоријата С-9-А ракета со жирокоптер. Автоматски е државен шампион. Владимир Џиџалески е петти, Димитар Мендизоски шести. Тројцата се најдобри во државата и ги прибраа сите медали. Во категоријата С-6-А ракета со стример, на Државното првенство најмногу се покажа најискусниот Мендизоски со второ место, а веднаш зад него е Џиџалески. Во РВК Циолковски се задоволни од настапите, со оглед на тригодишната пауза, поради финансиски проблеми.

На натпреварите во Штип учествуваа рангирани натпреварувачи во ФАИ од Србија, Бугарија, Русија и Македонија.

Loading