Љубов на велисипед

Велосипедот бил модерно, но и престижно средство за превоз на половината од минатиот век. Бидејќи автомобилите се броеле на прсти, а моторциклите оставени од војната биле привилегија на неколимина, побројни биле сопствениците на велосипедите. Зашто биле повеќефункционални. Покрај магарињата, одгледувани за носење тутун, и велосипедите биле добро средство да се пренесе некоја вреќа од нива до дома. А по мачното и здодевно нижење по цел ден, младите, кои можеле да си дозволат да имаат миленик на две тркала, се дотерувале и излегувале со велосипедот на корзо. Тој бил знак за девојките дека се во дослух со времето, дека се умни и вредни. Велосипедите биле средство и за додворување, за фрлање опули и знаци на љубов. Тие “волшебни” средства ги пренесувале младите од дома до салите за игранка или до Могилата и Кермес. А момите “паѓале”, не само на дотераните тасма избричени момчиња со залижани коси и штипки на ногавиците на пантолоните, туку и на велосипедите. Возбудливо било возењето на девојка на скелето од велосипедот. Незаборавен биле ветерот што ги ратурала косите. Се паметат вкрстените погледи на симпатиите. Покрај велосипедот се раѓале новите љубови, се “вкусувале” првите бакнежи. Не ретко велосипедската љубов на младите се крунисувала со бракови и долга семејна хармонија. Прошетките до околните места како Шаторов камен на неработни денови било вистински празници за душата на само на машките, туку и на заедничките машко – женски друштва. Велосипедите не биле само за ишарети за девојките, туку и за визита на конзулската Битола. Напорен бил патот од 40 километри, но авантуристичкиот дух и желбата за откривање на “нови светови” била посилна од потта околу седлото на велосипедот. Похрабрите заминувале дури и по угорнините за Крушево. А некои, како оваа група со костуми, кинисале за Велес, преку Дервен. Младешките лудории се карактеристика на секоја генерација. Ако денес автомобилите се обележје на младите, велосипедите порано биле средство за на младешките хирови.

Loading