“Љубовна” – нов сингл од ,,Д Хаундс,,

Групата “Д Хаундс,, го промовираше синглот “Љубовна” со кој го започна походот за освојување на македонската музичка сцена. Композицијата е квалитетна и оригинална понуда на музичкиот состав, снимена во соработка со Стерео рекордс и Нино Васков. Ова е нивна трета песна. Текстописец е Весна Малинова, аранжманот е на бендот заедно со Васков. За композицијата дечките веќе снимија и спот. “Д Хаундс”, постојат од 2009 година. Во него членуваат Златко Карчески (вокал и бас гитара), Крсте Карчески (гитара) Илија Мирчески (тапани) и Јане Петкоски (гитара и придружни вокали).

Loading