Сеќавање на Толе Паша

Со панихида, свечен собир и беседа се одбележа 108 годишнината од загинувањето на легендарниот војвода Толе Паша, (Стојан Кулески), чија восочна фигура е поставена во Музејот на македонската борба во Скопје. Според публицистот Тренчо Димитриоски, војводата бил бунтовен дух, кој не го поднесувал ропството, па често напаѓал турски војски, аги, бегови. Бил заштитник на населението не само во Мариово. Учествувал во Илинденското востание. Бил храбар револуционер кој загинал на трети февруари 1904 година кај селото Гуѓаково, заедно со син му Велјан. Во негова чест го одржавме собиот, да се потсетиме и да не се заборави, затоа што малку се знае за него – рече новинарот Тренчо Димитриоски во беседата. Организатори на собирот беа друштвата “Калеш Анѓа” и “Басилеј”. Посмртните останки на Толе Паша во родното Крушевица, Мариово се пренесени во 2001 година.

Loading