За Тоше – “ДЕН ЗА ТЕБЕ”

Трета димензија со нова композиција

Групата Трета димензија вечерва во кафулето “Лимит” ќе ја промовира новата композиција “Ден за Тебе”, посветена на Тоше. Вокалот Даниел, гитаристот Антонио и клавијатурстот Душко, ќе отсвират дел од композиците  на Тоше. Музичка основа на композицијата е песна од Битлси, а текстот е на Темелковски. Во студиото ПРОСОУНД, гитарите ги отсвири Рубин Димкоски, а придружните вокали беа Денис Димоски, Наталија Ристеска и Ангела Ѓуричанин, ученици во средното музичко училиште во Битола, каде учеше Тоше.

Loading