,,Картушовци,, го славеа роденденот на Тоше

Студенилото и снежните намети на места до 60 сантиметри, не ги поколебаа планинарите од ,,Картуш,, да измаршираат во Крушево за спомен на роденденот на прерано заминатата легенда, Тоше Проевски. На ,,загревањето на домашен терен,, ја прегазиле околината на Прилеп. Пешачеле на Марковите кули, на манастирот Пресвета Богородица и на манастирот над селото Прилепец. Походот го ,,крунисале,, шеесетина на рутата од спомен домот на Тоше преку детското одморалиште Шула Мина, покрај скијачките терени со финиш кај манастирот св. Спас и над 12 километри зад нив.

Loading