АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со слаби карти не може да се игра.

*

Не ја заматувај водата ако бараш сламка за спас.

*

Нема побратимување со неправедници и  неранимајковци.

*

Со рециклирани политичари не се оди напред.

*

При нечисти луѓе – нечист е и воздухот.

*

Од испран мозок нема здрави мисли.

*

Со “пиксла” не се заработува.

“Д-р Хаџи-Васков

Loading