,, Песно најмила,, пред публиката

Оливер Лозаноски со нова композиција

Пејачот Оливер Лозаноски неодамна сними нова песна. Се вика ,,Песно најмила,,. Ја промовира на свирките низ градските ресторани.  Претходно имаше снимено три песни. ,,Ој невесто Стојанице,, е преработка на стара македонска песна, другата е дует со Весна Гавровска, а останатите се новокомпонирани. Вели покрај живите свирки, на кои ги пее неговите композиции и настапува со широк репертоар. Подготвува уште две песни, од кои едната ќе биде во дует. Со музика професионално се занимава седум години. Почетоците му биле со ,,ТИК ТАК БЕНД,,.

Loading