“Бизнисот на задоволството”

Во киното Мис Стон

Филмот “Бизнисот на задоволството” ќе биде прикажан премиерно на 19 септември, в четврток, од 19.30 часот во киното Мис Стон. Влезниците ќе се продаваат во среда и четврток од 10 до 13 часот на билетарницата од киното, и вечерта еден час пред проекцијата. Филмот е за возраст од над 16 години

Режисер е Гоце Цветановски, а играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Катерина Коцевска…

Во час иполовина ќе може да го проследи филмот кој говори за настан во кој една личност, новинарка, која откако ја изгубила својата најдобра пријателка како жртва на трговија со луѓе, опсесивно работи да ја разбие мрежата за сексуално ропство. Како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Loading