Дождот го спаси Мариово

Сите пожари се изгаснати од дождот во мариовско и во долненско. Според експертите, огнот во Мариово спаѓа во категоријата катастрофални пожари, оти зафати 150 000 – 200 000 хектари, главно ниска вегетација и трева, а огнената линија достигна 200 километри. Огромни се директните и индиректните штети, еколошките и другите аспекти на деградацијата на тлото и воздухот. Изгореа шума и трева која ќе порасне.

– Неколку дена голем број на професионалци, доброволци и членови на здруженија бранеа 10-15 села и верски објекти. Нема зафатени цркви. Селата се спасени – вели Јован Аврамоски, инспектор за заштита и спасување при ДЗС.

За осум дена додека траеше пожарот во мариовско, беа ангажирани повеќе од 1200 луѓе, од кои 500 припадници на АРМ, 120 од ЕБР, 80 од ДЗС, од ЈП Национални шуми, ловочувари, планинари, од здруженија, пожарникари од повеќе градови на Македонија.

Loading