Пивофест од 9-11 август

Советот на општината Прилеп, кој го водеше новиот претседавач Ирена Стерјоска Локвенц, откако досегашниот претседател Дејан Проданоски се пресели во пратеничките клупи, донесе согласност за определен локалитет за организирање на Фестивал на пивото 2024 од 9 -11 август. Одлуката беше проширена за продолжување на работното време на угостителските објекти за два часа во три работни дена.

Советниците на последната седница бараа одговор за состојбата со јавното осветлување, хигиената, кучињата скитници, изградбата на фабриката за селекција на отпад, за детската градинка во Точила, за водоснабдувањето, на што конструктивно и темелно одговараше градоначалникот, Борче Јовчески и раководителите на јавните комунални претпријатија.

Loading