ДЕТСКИ ФИЛМ

Во киното Мис Стон

“Авантурите на Биби и Боби – Волшебната шума” е детскиот филм  што ќе биде прикажан утре на пладне во киното Мис Стон. Филмот од 45 минути во режија на Димитар Аризанов и Јосип Здравковски говори за авантурите на Биби и Боби и жителите на волшебната шума.

– Приказната е проследена возбуда, револуција, тајни занаети, неверојатна магија, нова музика, модни ревии, луди забави, фудбалски натпревари и Бобииии, Јипи-рипи, јееј! – најавуваат од ЦК “Марко цепенков”.

Влезниците за 100 денари ќе се продаваат на билетарницата од киното,  петок од 10 до 12 часот  и еден час пред утрешната проекција.

Loading