ПОБЕДА И НАЕСЕН ВТОРОЛИГАШ

Фудбал

Младиот тим Победа (просечна возраст 18 години) обезбеди опстанок во Втората лига на Македонија. На Стадинот “Ѓорче Петров” во Скопје, Победа – Куманово 2:1, во бараж-мечот за второлигашкото друштво. Првиот гол на Давид Дебрешлиоски беше со убав пласиран удар во аголот, а вториот на 16-годишниот Димитар Шаркоски со “ножички”, така што безначаен беше голот од ривалот, на Дарио Десниќ. Убав крај на сезоната за Победа, предводена од 21-годишниот капитен, одличниот голман Антонио Столевски.

Имајќи ги предвид резултатите од другите бараж-дуели (за Прва лига Вардар С. – Детонит 2:0, за Втора лига Влазерими – Борец 2:3, Вардарски – Кораби 3:2,), наесен Втората лига ќе изгледа вака: Македонија ЃП, и Скопје (Скопје), Брегалница (Штип), Вардарски (Богданци), Детонит (Радовиш), Арсими (Тетово), Беласица (Струмица), Вардар (Неготино), Башкими (Куманово), Кожуф (Гевгелија), Осогово (Кочани), Саса (Каменица), Борец (Велес), Победа (Прилеп), Охрид и Новаци.

Loading