ВИДЕЛИНА ЗА СТРЕМЕЖ

Новиот број на списанието за литература, уметност и култура Стремеж 2 за 2023 излезе од печат. Новото издание носи автори  на прозни текстови, куси раскази, извадоци од уште необјавени романи и од прозниот ракописи. За љубителите на поезијата меѓу кориците се најнови песни на повеќе поети. Рубриката Нови гласови го промовира раскажувачкото перо на Ивана Димитриоска. Во последното издание има доста препеви и преводи. Објавени се  комична едночинка и промотивното слово на актерката и режисерка Звездана Ангеловска за книгата Драми (Трудници/Тајни) под наслов “Нешто за драмите на Габриела Стојаноска-Станоеска”.

Стремеже богат со есеи, студии, рецензии и критички осврти.

Издавач е ЦК “Марко Цепенков”.

Loading