МЛАДОСТ 96 Е ВТОР

Пинг-понг

Во салата “Ричко” падна одлуката за есенски првак во Супер лигата. Тоа е Крива Паланка, која на дербито со 4:2 го совлада домашниот тим Младост 96. Во отсуство на Србинот Ѓорѓе Борчиќ, партиите ги добија Косовецот Фатих Карабаџаку и Антонио Стомнароски. Претходно К. Паланка со 4:1 го совлада вториот прилепски тим, Младост. Во ова коло Младост 96 со 4:3 беше подобар од штипскиот Шампион ФА. Екипата Младост вториот меч со 0:4 го загуби од скопски Телеком нец 2. Така К. Паланка е прва со 18, Младост 96 има 17, Шампион ФА и Телеком нец 2 по 15, Младост 14, Пелагонија 13, Берово и Вардар 12, Работнички 10, К. Паланка 2007 – 9.

Екипата Прилеп во Првата лига постигна две победи со по 4:1 – против Берово 2 и скопско Дебар Маало, така што на табелата е на 3. место со 14 бода, под струмички Астраион со 16 и Радовиш со 15.

Loading