„РАЦЕ“ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА

Прилеп се случувало да остане без вода, ама без чешми – никогаш. И зиме, и лето, кај и да си,  има блиску по некое чешма. Колку душа да се собери. Најпозната беше “дланките”. Ја дујдисаа пред 40 години, да го симболизира времето на доаѓањето на водите од системот Студенчица. На многумина им ги враќа спомените. Оти, некои се чекаа за на корзо кај рекламите, други кај “дланките”. Ја стокмија в центар, во близина на тогашната Пошта, а сега Комерцијална банка. Дури ја оградија со синџир, а потоа и отвораа и сечеа ленти со “историски клучеви”.

Со двете шепурки, и стари, и мануци можеа одеднаш да гаснат жед и да си се гледаат.

Времињата се сменија. Градот се измодери. Го промени ликот. “Дланките” не заминаа в пензија, не станаа технолошки вишок. Во градски дизајн се најде место за шепурки. “Ветвата” чешма ја преместија кај хотелот Скопје, а на старото место поставија нова фонтана и “модерна” чешма.

Loading