ДОБРЕДОЈДЕНА ПАУЗА

Ракомет

Тимот Прилеп не успеа и дома со Пролет (пораз со 19:22). Има серија од 6 меча без победа. Добредојдена е паузата до 11 ноември, кога е гостувањето кај Вардар во Неготино. На табелата од суперлигашката Б-група скопски Вардар има 24, Еурофарм П. 21, Пролет и Бутел 15, Голден арт 13, Прилеп 7, Мултиесенс 6, Вардар Н. 3.

Во Супер женската лига, Деспина по 6 порази, игра дома со Скопје.

Loading