Студент се вработил во зоолошката градина.
Првиот ден, директорот му објаснува што ќе прави:
– Значи, работата е едноставна.
Тигарот умре, но не можеме да останеме без оваа атракција.
Затоа го зачувавме крзното, го ставаш и од 10 до 5 лежиш во кафез и се преправаш дека си тигар.
Студентот го облекол тигровото крзно и легнал во еден ќош на крајот од кафезот.
Во еден момент, во кафезот влегува лав и полека му се приближува на тигарот.
Студентот си помисли, толку е и го чекал својот крај.
Лавот пристапил кротко и тивко прошепотил:
– Колега, да не имаш цигари? Слонот сака да запали една.