АБЕРЏИЈАТА ДУЧЕ БАРАБАНЏИЈАТА

Народе, чујте и почујте. Загината е црна магарица, со бела подопашица, со самар и бел оглавник.

Не бледнее сеќавањето на уникатниот аберџија од ќошињата, низ пазарот, по училиштата, пред работните акции, приредбите, спортските натпревари… Го вртел градот со вести за манифестации, за празници, за отворање продавници, фабрики, намалување на цените, вакцинирања, загубено – најдено. Не му фаќала устата “павлака”.

Тоа бил Димко Атанасоски – Дуче Барабанџијата. Бил вработен кака општински гласник, Небаре подвижно радио. Бил телал со дух за презентација. Додавал, одземал, римувал, ја правел веста привлечна. Првин тропал со барабанчето околу вратот, па со ѕвонлив глас ги кажувал зборовите како нижани. Тажни развеселувал. Им бил мелем на душата на неарните и луѓето со гајлина. Не му требале фермани. Памтел до 60 реченици. А бил неписмен.

Се памети како мајтапчија и интелигентен човек. Умеел и да кажува и курназлаци.

Пратеникот Василие Трбиќ сакал да му крени споменик на живот, покрај магарето прилепско.

Бил и печалбар во Романија каде го добил прекарот Дуче. Експлозија му ги оштетила видот и слухот. Живеел 81 година, Починал  крај возот во 1971 година, оти не слушал.      

Loading