УЧЕНИЦИ – КОМУНАЛЦИ

Кога ќе притребала работна сила за мал потфат, на помош оделе средношколците. Се користела ученичката рака да не се вика градежна фирма.

Средношколки го уредуваат паркот пред судот. Некои се со копачи и мотики, а некои со празни раце позираат како да ја плеват тревата. Според насмеаните лица, им годи што се пуштени раат, без надзор во корисната акција. Копањето и уредувањето не било мака, туку забава низ муабет, без напрегнување, да го тераат денот без седење во клупите.

Во “женската работа” се “плеткаат” неколку војници. Ним им било преку глава копањето од вежбите на ровови. Некои “плакнат очи”, гледајќи ги девојките, зашто не виделе девојка од заклетвата. Други ноншалантно се релаксираат од војничкото секојдневие со цигара.    

Loading