МЛАДОСТ 96 ШАМПИОНСКИ

Пинг-понг

Екипата Младост 96, шампионот на Македонија, одлично го почна новото првенство од Супер лигата, со 4:0 над скопски Телеком нец 2. Србинот Ѓорѓе Борчиќ доби две партии, по една Антонио Стомнароски и Андреј Лашкоски. Вториот прилепски тим Младост со 1:4 е поразен од битолска Пелагонија. Викендов Младост 96 игра со Пелагонија и со Работнички, а Младост со Работнички и со Вардар.

Прволигашот Прилеп по поразот со 1:4 од струмички Астраион, игра со Студент и со Кочани, а по женското дерби Младост 96 – Младост (4:2), Младост 96 игра против Крива Паланка и со Шампиони ФА, а Младост со Шампиони ФА и со Крива Паланка.

Loading