МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ

Кошарка

Интересен дуел претстои в сабота (19 ч.) во салата на ОУ “Добре Јованоски”, Мега баскет – Маџари, во 3. рунда од Втората кошаркарска лига. Прилепскиот тим загуби (80:73) од Соколи, на првото гостување во Штип, па има можност за рехабилитација со скопскиот кој има ист биланс есенва – победа и пораз. Пред пет месеци овие ривали се сретнаа трипати во полуфиналето на третолигашкиот плеј-оф, кога поуспешен беше Мега баскет.

Табела: МКК Куманово и Водно 4, Мега баскет, Ангели, Маџари, Шкупи, Соколи, Работнички, Борец, МЗТ уни 3, Тетекс, Куманово 2009 по 2.

Loading