„ЛИЦАТА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Изложба во МАНУ

Нашиот сограѓанин Душко Дуле Апостолоски заедно со коавторот Диме Ратајкоски ја реализираа изложбата “Лица на револуцијата” во МАНУ во Скопје. “Лица на револуцијата – Внатрешната Македонска Револуционерна Организација низ фотографии, 1893 – 1934” опфаќа над 40 одбрани фотографии на македонски револуционери, дејци, интелектуалци во македонското револуционерно движење, комитски чети и семејства на македонски револуционери од крајот на 19 и првите декади на 20 век.

Најголем дел од фотографиите се објавени првпат. Тие се плод на долгогодишни истражувања и макотрпна колекционерска работа.

Изложбата е организирана во чест на одбележувањето на трите значајни јубилеи од револуционерната борба на македонскиот народ, 130 години од основањето на ВМРО, 120 години од смртта на Гоце Делчев и 120 години од Илинденското востание.

-Старите фотографии потсетуваат и сведочат за значењето и зачувувањето на историјата и за приказните што се наоѓаат во секоја рамка и се дел од колективната меморија. “Лицата на револуцијата” не е само изложба, таа е доказ за посветеноста на колекционерите, потсетник за значењето на старите фотографии и интимно патување во срцето на трајниот дух на македонската нација – велат авторите.

Loading