БАРАБАНЏИИ

Прилепски  мајтапења                                                                                                                         

– Да не беа радијана и телевизиине, шо че прајвме. Не че знајвме шо се случува – вели колку да се најде во муабет еден од млад пензионер во светилиштено за драпачки и мајтапења.

– Ами во времето од деда и татка да не имаше радиа и телевизи, телевони, морбилни, ко и велите оние шо и сакате појчкем од жените – му одговори едно човече колку високо, толку широко.

– Не туку јади трици, да не ти ја одврта неко, та три дена да се чешаш – се навреди новопечениот пензионер.

– Не ти ја окара мајката, да се лутиш – сакаше ем да го скара, ем да го смири еден од сеирџиите.

– Знајш како се велеше во наше време, а?

– Не знам. Потсоберисија опашката да не ти ја поткинам – не се прибра новајлијата!

– Ќе ја дотерате до ќотек. Остави го човекот нека кажи да ја смириме работава – влезе меѓу тројцата стрико Рампо.

– Абе Рампо и ти знајш, не си помал од мене.

– Можи да знам, можи да незнам.

– Ако тропа барабанџија, гласо е од градската управа, а ако вика суруџија поткачен на повисоко, гласо е од селското раководство, така знаеја лујџето од кај иди аберо.

– Дете, ваква информација се плајча каве, а не се врајча со ќотек – задоволен е стрико Рампо.

– Стрико, речи му на сезнајково да го допрај муабето, да седам мирно на газо – се огласи насилникот.

– Не чекај маслинка, туку кажи како информираа во нашето време.

– Че го викнеа Дуче барабанџијата кај претседатело вопштина. Че го седнеа на сандалија, а претседатело че дојше до него, че се наведеше до увото, зошто беше малку наглув и неписмен. От ко че му кажеше шо имало ново да кажи на грајџаните, Дуче че го земеше барабанчето враце и че прошеташе низ градот. То шо му беше кажано на цел глас го кажуваше, ете така беше Рампо, али не беше, а?

– Беше салам чоек. Дури нам на децата Дуче и ни баеше – се огласи стрико Цане.

– Како баеше?

– Остај та работа. Имаме и пензионерки. Другпат че ви кажам – се одбрани Цане.

– Ами и во Варош имаше тапанџија, ама и суруџија – се јави еден варошанец.

– Кажи кој, оти не знајме ние грацкив. Не тегни ја, кажи ко беше во Варош – му светна очињата на куртулисаниот?

– Ако имаше абер од кмето, од црквите и манастирите, на барабан тропаше и низ село шеташе Мице Рокан. А, ако беше за нешто шогоде или инвормација од селаните за стоката, за житото, за орање, жниење или за свадба сред село, че викаше суруџијата.

– Кој беше толку јак на грло, па цел Варош да го слушни – поверуваа многумина.

– Стеван Арапо, че се качеше на кабајна, ко че свикаше небаре земјотресение има, или некој арслан од Аврика се има налутено. Најмногу се плашевме, децата. Некое од нас че ги наполнеше гајчите од страв.

– Ти да не ги наполни дури кажуваше, тро ко потклекнат ми си – се огласи градскиот, а смеа и драпачки колку ти душа сака, баго!

Loading