АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога магаре ќе влезе во палата ќе добиеш – штала.

*

Кој се кикоти без престан ќе заплаче  кога ќе запре.

*

Не страдаат само оние кои се без совест.

*

Една скапана јаболка ќе ја расипе целата гајба.

*

Нема побратимување со неправедници и неранимајковци кои мафтаат со туѓи

знамиња.

*

Какви се тоа политичари кои одговарат само пред посилни, а не пред народот.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading