ШАНСА СО ПОСЛЕДНИОТ

Фудбал: Победа

В сабота е 7. коло од Втората лига, во кое Победа е гостин на Саса во Каменица. Шанса за прилепскиот тим, со оглед на последното место на табелата што го има домаќинот. Есенва Саса има четири порази и две нерешени, последната 2:2 со Башкими во Куманово. И на Победа не и оди по планот. Има по две – победи, порази и нерешени, последната 1:1 (стрелец Филип Димоски), дома со Новаци.

Табела: Беса и Кожуф 15, Пелистер и Детонит 13, Охрид, Башкими и Новаци 10, Арсими, Беласица и Тетекс 9, Победа 8, Вардар Н. 6, Скопје 4, Осогово и Караорман 3, Саса 2.

Loading