„ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ“

В кино

Комедијата “Те дуа, жими мене”, во режија на Марјан Гавриловски, ќе биде премиерно прикажана вечерва од 20 ч. во киното Мис Стон. Приказната е за меѓучовечките односи.

– Социјалната комедија обработува плејада тематики, од лажна љубов преку пријателство, религија, феминизам, криминал, па сé до вистинска љубов. Филмот на површина го извлекува заедничкото, човечката емоција. Приказната следи тројца другари кои се впуштаат во патувачка авантура, среќававјќи се со разни ликови што чекорат на раб на сатира да ги карикатуризираат целните групи што ги претставуваат. “Те дуа, жими мене”, зборува за горчливи работи на сладок начин – вели сценаристот и актер Никола Кузелов.

Играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова.

Loading