ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ

Мажи

Почна женската ракометна Супер лига. Во 1. коло, Стружанка со 25:16 беше подобра од Деспина. Викендов прилепскиот тим е домаќин на скопски Металург, во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Во претходното коло скопјанките дома со 31:23 го совладаа месниот ривал Спартак. Што се однесува до другите резултати, за одбележување е победата на Куманово со 43:15 во Гевгелија, а високи побееди на гости имаа Овче Поле (30:22 со Шампион во Скопје), Ѓорче Петров (42:27 со Пелистер во Битола) и Скопје (37:27 со Астибо во Штип).

Во втората рунда од Б-групата на машката Супер лига, се случи првиот пораз на Прилеп. Во Скопје подобар беше Пролет со 30:25. Викендов во “Ричко” Прилеп игра со неготински Вардар, тим со два пораза есенва.

Loading