ПРИЛЕП ВО БИТКА ЗА ПЛЕЈ-ОФОТ

Ракомет: Почнува Супер лигата

В недела (19 ч.) во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е Прилеп – Бутел, меч со кој се отвора новото првенство од Супер лигата на Македонија, Б-група. Домашните, водени од новиот тренер Божидар Мојсов, се пред задача да бидат подобри од лани, кога изборија опстанок. Се очекува битка за плеј-оф, за место меѓу четирите најдобри во групата. Нема да е лесно, оти конкуренција се скопските Вардар, Голден арт, Бутел, Мултиесенс и Пролет, неготински Вардар и битолски Еурофарм Пелистер, шампионот.

Прилеп е посилен за Давид Ацевски (голман од Јуниор КВ), Левани Имнадзе (десно крило од Грузија), Драган Јелушиќ (среден бек од Црна Гора), Томче Трајчевски (пикер од Радовиш), Никола Цветаноски (лев бек од Струга), Пеце Рајатовски (десно крило од Голден арт). Денис Шабановиќ (десно крило од Црна Гора), а во последен момент се очекуваше пикер од Хрватска.

Loading