ДИЕТА СО ГРОЗЈЕ

Еден филџан од грозје има само 104 калории. Се препорачува за слабеење. Само да внимаваат дијабетичарите. Грозд од 100 грама содржи околу 15 грама шеќер. Најпознатото есенско овошје го чисти телото од штетни материи и побрзо ги согорува резервните масти. Содржи дури 80 отсто вод. Добро е за детоксификација и за забрзување на метаболизмот.        

Соп следното мени се губат до 3 кг. неделно без поголемо одрекување. При овој режим на исхрана, се одбегнува шеќер, сол, грашок, грав, мајонез, квасец и оцет.

Прв ден: Појадок: интегрален леб, две шницли пилешко, чаша млеко или јогурт. Ужина: 200 гр. црно грозје. Ручек: варено јајце, 250 гр мешан варен зеленчук зачинет со малку маслиново масло, лимонов сок, интегрален леб. Ужина: 200 гр. бело грозје. Вечера: 150 гр. печена јунешка шницла зачинета со две лажици маслиново масло, 40 гр леб, пире од јаболко.

Втор ден: Појадок: 50 гр. мусли со јогурт. Ужина: чаша сок од грозје или 150 г бело грозје. Ручек: 100 гр. печено бело месо, 250 гр. мешан варен зеленчук зачинет со лажица маслиново масло, лимонов сок, интегрален леб. Ужина: 150 гр. црно грозје. Вечера: 120 гр. ослич на скара и 250 г салата од пченка и морков зачинети со малку маслиново масло, лимонов сок, интегрален леб.

Трет ден: Појадок: овошен јогурт. Ужина: 200 гр. бело грозје. Ручек: 100 гр. тестенини со сос од домати и две лажици рендан кашкавал. Ужина: овошна салата од јаболка, круши и грозје. Вечера: 150 гр. младо сирење, 250 гр. мешан суров зеленчук со маслиново масло, лимонов сок, 40 гр. интегрален леб.

Грозјето е богато со витамин К, важен за коските. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето и ја помага апсорпцијата на железото. Спречува воспаленија. Со еден или два филџана грозје дневно се намалува ризикот од многу хронични заболувања. Грозјето го чува срцето и го контролира крвниот притисок, особено црното. Спречува згрутчување на крвта, поттикнува циркулација, ублажува воспалителни болести на цревата. Белото грозје не е толку хранливо како црното. Добар извор е на витамини А, Ц и К, како и калциум и железо. Ова овошје ги решава проблеми со дигестијата.

Loading