ДЕРБИ СО СКОПЈЕ

Жени

Второ коло од Првата женска фудбалска лига и веднаш дерби, Цевитана – Скопје. Се игра в сабота (17 ч.) на игралиштето со вештачка трева во Прилеп. Претходно Скопје триумфираше дома со 5:0 врз Истатов, а Цевитана во Тетово со 4:0 (стрелци Ана Боризоска, Анастасија Илиевска 2 и Јована Каралиоска) ја совлада Шкендија. Во прилепската екипа има нова фудбалерка – штипјанката Ива Салтирова, дојдена од Тиверија.

Во лигата се уште тимовите на Топ гол (Битола), Ас унитед (Струга), Љуботен (Тетово), Саса (Каменица), Речица (Куманово) и Тиверија (Струмица).

Loading