СЕДУМ КОНТРОЛИ ЗА СУПЕР ЛИГАТА

Ракомет

Привршуваат подготовките на екипата Прилеп за претстојното првенство од машката Супер лига, чиј старт е на 9 септември. Покрај тренинзи, одиграни се седум пријателски меча. По двапати силите беа проверени со Дубочица од Лесковац (порази со 28:39 и 18:33) и со битолски Еурофарм Пелистер 2 (пораз од 23:30 и победа со 29:24), а по еднаш со кавадаречки Тиквеш (пораз од 24:27), Струга (победа со 29:24) и Скопје (победа со 26:20). Последните четири дуели беа на Осмиот меморијален меѓународен ракометен турнир “Миле Нешковски”, каде Прилеп го освои третото место, под победникот Дубочица и вториот Мултиесенс од Скопје. Награда за животно дело доби Тодор Арапчески – Тошко (некогашен голман и тренер на Тутунски комбинат), за најдобар голман – Иван Ангелески (Прилеп), стрелец – Горан Ристовиќ (Дубочица) со 33 гола, играч – прилепчанецот Божидар Илиески (Мултиесенс).

Најново, седмо засилување за Прилеп е Душан Бозољац, лев бек од Србија.

Loading